(фото) На овој датум пред 59 години се случи најголемото цунами во историјата

од desk3
199 прегледи

Иако на 26 декември 2004 година земјотресот во Суматра предизвика можеби повеќе катастрофални цунами регистрирани некогаш, по димензии тие не се најголеми. Најголемото цунами во историјата е во Литуа, Аљаска во 1958 година.

Земјотрес со интензитет од 8,3 степени според Рихтеровата скала, одвои 90 милиони  тони карпи и мраз од каменестата страна на заливот. Масата се срушила одеднаш и речиси вертикално во заливот. Таа формирала највисок бран во историјата – 30 метри. Ја уништила вегетацијата во височина од 525 метри надморска височина. За споредба – Емпајер Стејт билдинг е висока 443 метри (со антената). Бранот тргнал кон океанот и збришал се на неговиот  пат. Во заливот имало три рибарски чамци, бранот убива двајца од патниците во нив. Еден од преживеаните, вели дека од уривањето на карпите, до доаѓањето на бранот поминале само 2 секунди, што би значело дека таа се движела со 1.000 км / ч. Иако ридовите во заливот биле опустошени, жртви имало  многу малку.