ФОТО: Објавени фотографии од модринки на Анџелина Џоли: „Бред постојано им викаше на децата“

од Stefanija Kuzmanovska

Објавени се фотографии од модринките на Анџелина Џоли (47), кои наводно ги добила при физичка пресметка со поранешниот сопруг Бред Пит (58) во нивниот приватен авион во 2016 година. Актерката ги дала фотографиите на ФБИ, а на нив се гледаат модринки на дланката и лактот.

За време на тој лет еден од синовите го нарекол Пит a ш**ак додека стоеле пред вратата од бањата. Пит изгледал како да ќе го нападне својот син, па Анџелина се вмешала во караницата. Таа го фатила од позади грб за врат за да го задржи, а тој го зафрлил телото наназад, по што Анџелина удрила во столовите зад нив. Актерката тврди дека поради тоа се здобила со повреди на грбот и лактот, како и рана која изгледа како изгореница на раката.

На црно-белите фотографии, кои беа вклучени во извештајот на ФБИ, се гледаат модринки на раката и лактот на Анџелина.

Анџелина тврди дека Пит цело лето се однесувал чудно, постојано се бунел и им викал на децата. Целото семејство било шокирано од неговото однесување.

„Бев смрзната и исплашена, не знаев што да правам“, изјавила актерката.

Анџелина Џоли рече дека има тензична ситуација меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг, додавајќи дека постапките на Пит во приватниот авион во 2016 година направиле да се чувствува како заложник, открива извештајот на ФБИ. Пит, пак, од инцидентот се здобил само со гребнатинка, за која актерката тврди дека може да е од неа.

Слични содржини