ФОТО: Ова е поранешниот полицаец по кој се трага за нападот во градинка во Тајланд

од Stefanija Kuzmanovska

Тајландската полиција трага по напаѓачот, кој упаднал во градинка и избодел и пукал во деца и постари лица.

Загинаа најмалку 32 лица, меѓу кои и многу деца, а се стравува дека оваа бројка не е конечна.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач.

Како што е наведено, осомничениот е 34-годишен поранешен полицаец кој моментално е во бегство.

Според неофицијални информации, осомничениот се вика Пања Камраб, поранешен полицаец кој бил отпуштен од службата поради консумирање дрога.

Локалните медиуми јавуваат дека тој избегал во бел пикап, а јавноста е предупредена дека се работи за многу опасна личност.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило во североисточна провинција на земјата.

Засега не е познат мотивот зад овој брутален напад.

Слични содржини