Пејачката Пинк се соочи со бизарно обвинување дека не е биолошка жена – само поради тоа што има рамен стомак, иако е мајка на две деца.
Водителот Стив Питерс ја обвини пејачката дека изгледа „премногу мажествено“, велејќи дека нејзините колкови не се колкови на биолошка жена која родила деца, што имплицира дека таа не е биолошка жена и дека ако е, нејзината физиономија ќе изгледа поинаку.
Пинк му одговори.
„О Стиви. Стиви, Стиви, Стиви, имаш премногу слободно време“, му возврати Пинк.
Oh, Stewie . Stewie Stewie Stewie. You’ve got too much free time. 🤡 https://t.co/KcCWPeMYn0
— P!nk (@Pink) April 26, 2023
Бизарното обвинување дојде од републиканскиот водител, а откако Пинк му одговори, фановите ја поддржаа, велејќи дека изгледа неверојатно.
Инаку, Пинк е либерал, а гласно ги поддржува демократите во Америка, но и правата на ЛГБТ и транс заедницата.