И денеска неколку стотици револтирани граѓани се собраа пред Уставниот суд и бараат оставка од петте уставни судии/ки Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски кои гласаа „за“ можноста претседателот да може да помилува осудени за изборни нерегулараности-јави Либертас.
-Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка.
Шамарите и тупаниците се резултат на само вашата политика за Македонија преполна со лицемерие, национализам, интерес и криминал
Судиите Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, гласајќи за оваа одлука ги згазија и Уставот и правото и правдата. Нивната постапка покажува дека тие ниту го штитат Уставот, ниту пак, јавниот интерес. Тие се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што, причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавното обвинителство е повеќе од очигледна – стои во сопштението за протестот.
фото: Либертас/фејсбук


