(ФОТО) Полициски кордон не дозволува протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
105 прегледи

sedi[te

Полицискиот кордон не им дозволува на демонстрантите да се приближат до седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Неколкуте илјади демонстранти се упатија кон штабот на владејачката партија од пред владата.

12992984_995198223899267_492267135_n

Денешниот протестот почна околу 18 часот кога граѓаните почнаа да се собираат пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје во знак на поддршка за работата на оваа институција. Од таму продолжија кон Собранието, па кон Триумфалната порта, која ја гаѓаа со јајца, боја и ја испишаа со графити ја продолжија пред владата.

13023620_995198237232599_197479161_n

Протестот го организира движењето Протестирам, кое се противи на политичките помилувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Тие бараат оставка од Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експерта влада која треба да го подготви теренот за фер избори.

Ова е петти ден протести во Скопје. Протести вечерва се одржуваат и во Струмица и во Битола.

 

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните: „Излези Хoрхе прaвo нa терасa и пoгледни јa грaѓaнскaтa мaсa„

sedi[te

„Излези Хoрхе прaвo нa терасa и пoгледни јa грaѓaнскaтa мaсa„, е дел од пораките, кои вечерва граѓаните по петти пат ги упатуваат до претедателот Иванов, кој ги аболицица инволвираните во аферата прислушкување.

Протестот од пред Владата се сели кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За сега нема поголеми инциденти на протсетот./ фото мета