ФОТО: Полицијата на радар фати возач кој возел 176 km/h

од Берта Китинска
389 прегледи

Радарот на сообраќајната полиција „улови“ возач кој се движел со 176км/ч по автопат, каде ограничувањето е доста помало од таа брзина.

-Денеска (01.05.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 92 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Слични содржини