Познатата манекенка Кара Делевињ не се грижеше премногу за тенискиот меч во рамките на Вимблдон додека на трибините разменуваше бакнежи со својата девојка, музичарката Минке. Кара ги игнорираше сите негативни коментари за нејзиното одбивање да биде интервјуирана на трката во Ф1 и се препушти на нежностите.
30-годишната манекенка изгледаше шик во беж блејзер, кој го спои со црна маица и црни кожени панталони. Девојките имаа очила за сонце на лицата. Тие се препуштија на размена на бакнежи и нежности.
Кара и 31-годишната Минке, чие вистинско име е Леа Мејсон, ја чуваа својата врска во тајност до јуни минатата година, кога беа видени како се бакнуваат на одмор во Портофино.