Пратеничката во италијанскиот парламент Џилда Спортиело, која се бореше да им се дозволи на жените да дојат за време на парламентарните седници, стана првата жена која го стори тоа.
Аплаузи од сите страни избувнаа во собранието вчера кога Спортиело, член на Претставничкиот дом, почна да го дои својот двомесечен син при гласањето на закон.
Gilda Sportiello, Deputata del Movimento 5 Stelle, stamani ha allattato suo figlio Federico in Parlamento.
Questa è stata la prima volta a cui un neonato è stato permesso l'accesso all'Aula di Montecitorio per stare con la mamma, grazie all’unanimità dei gruppi.
Evviva la… pic.twitter.com/UzzGqgDk92
— Iacopo Melio (@iacopo_melio) June 7, 2023
Во претходниот мандат таа успешно лобираше за усвојување на правило кое ќе им овозможи на жените да гласаат и да дебатираат додека дојат, додека бебињата не наполнат 12 месеци, пренесе АП.
Таа и таткото на бебето, Рикардо Рикардо, се пратеници од популистичкото Движење пет ѕвезди.
Спортиело беше цитирана од весникот „Република“ како вели дека се надева дека нејзиниот пионерски чин ќе ги инспирира работодавците во Италија да им олеснат на вработените мајки да дојат на работа, доколку сакаат.
„Од денес па натаму, ако највисоките италијански институции дозволуваат работничките да дојат на своето работно место, тогаш на ниту една жена, во која било професија, не може да и се ускрати ова право“, рече Спортиело.