(ФОТО) Премиерот во Битола си купи вечера: Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост

од Берта Китинска
312 прегледи

Им благодарам на Габриела и на Кирче за вкусниот тост, за љубезноста и за разговорот на крајот на овој ден во убавата Битола. Сега веќе знам каде на Широк сокак може добро да се вечера, напиша на својот Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по денешната граѓанска трибина “Силно и одлучно кон иднината” која се одржа во Битола.

-Малите и семејните бизниси, се двигатели на економијата, драго ми е што има многу вредни луѓе кои веруваат во себе и ги развиваат своите бизниси, тука, дома, напиша Ковачевски.