591
Јавното претпријатие „Лајка” соопшти дека е пронајдено кучето по кое сопственикот трагаше .
-Оваа работна недела ја заокружуваме со среќен крај во потрагата на златниот ретривер Лео.Да, овој убавец благодарение на тимот на ЈП Лајка и микрочипот си отиде дома кај својот сопственик.Сликите говорат повеќе од се, а љубовта од најдобриот пријател на човекот е безусловна.Ние сме среќни што Лео е веќе во својот дом и не талка по улиците. Кај нас забележително тагуваше по својот сопственик.Чипирајте ги вашите домашни миленици. Само така доколку се изгубат ќе можат да бидат вратени кај вистинските сопственици, соопштија од „Лајка”.