По три часа марширање низ улиците на Скопје, демонстрантите мирно си заминаа од пред Владата на Република Македонија.
Протестот започна пред СЈО од каде демонстрантите се упатија кон Собранието. Од таму, револтираните граѓани прво поминаа пред Триумфалната порта, каде имаше мала провокација, но тоа не прерасна во сериозен инцидент. Потоа, преку плоштад демонте странти се упатија кон Владата на Република Македонија.
„Излези Хoрхе прaвo нa терасa и пoгледни јa грaѓaнскaтa мaсa„, беше дел од пораките, кои граѓаните по петти пат ги упатуваа до претедателот Иванов, кој ги аболицица инволвираните во аферата прислушкување.
Демонстрантите освен скандирањата пееја: „ Целата фамилија, држава растурија, крвници, убијци, ајде в затвор Грувеци“, Со кренати раце, високо горе, бараме оставки, секој ден на протест“.
Граѓаните уште скандираа: „Нема правда, нема мир“, а притоа носат транспаренти „Никогаш повеќе ваква власт“, или „Бараме обвиниение за криминалот на власта“.
Мал дел од демонстрантите од пред Владата се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде што беа распоредени силни полициски сили и тие не им дозволија да дојдат до зградата.



