Не постои сомнеж дека Ријана ја вжештува атмосферата каде и да се појави. Меѓутоа пејачката изгледаше крајно привлечно, дури повеќе од вообичаено, како што излезе во скарлетно-црвена сатенска тоалета.
Движејќи се по улиците на Њујорк, 28-годишната убавица ја покажа нејзината фигура во тоалетата со отворено деколте и шлиц до колковите. Таа го искомбинарала нејзиниот фустан со шарено крзно и класични сребрени сандали со високи потпетици.
На усните имаше црвен кармен, а косата повторно и беше во суканици кои и беа врзани на главата. Таа ја откри нејзината нова фризура во понеделникот кога сподели слика на инстаграм, оддавајќи му почит на легендарниот реге-музичар Боб Марли.
Ријана изгледаше опуштено на нејзиното вечерно излегување додека е на пауза од нејзината “Anti World” турнеја, на која наскоро и се ближи крај во Абу Даби на 27 ноември.