294
Пејачката Ријана (34) ги воодушеви фановите со својот изглед пет месеци по породувањето.
Пејачката за да го прослави 34-от роденден на своето момче ASAP Роки, облече тесен црн фустан со храбар шлиц, а не носеше градник, поради што тенкото фустанче ѝ задаваше проблеми па мораше со рацете да прикрива одредени делови од папараците.
Со смелиот фустан таа комбинираше потпетици од Jimmy Choo x Mugler и сребрено ланче.
На 13 мај Ријана роди син во целосна тајност во болница во Лос Анџелес. А не долго потоа, таа беше прогласена за најбогат музичар на светот и заврши на 21-то место на годишната листа на Форбс на најбогати луѓе во светот.