Луксузна станбена зграда во Тексас има базен – палуба со стаклено дно. Ова на пливачите им дава прекрасен поглед на прометна улица, но надолу за 152 метри, пренесува Daily Mail.
Тие го нарекоа “Базенот на небото”, и се наоѓа на 42-от кат на една кула.
Дното е направено од 20 см дебел плексиглас.
Многу од набљудувачите рекле дека во него нема да се капат, а еден корисник на социјалните мрежи напишал дека не е тип на човек кој се грижи за забава во стилот”живеење на раб”.
Постојат се разбира, оние кои што сакаат вакви работи, така што една од забелешките на социјалните мрежи е дека овој базен е најдобрата идеја што некогаш се појавила.

За оние кои не сакаат да ризикуваат и да пливаат на ова “високо прозирно ниво” постои друг базен на терасата на четвртиот кат, се заклучува за Daily Mail.