(ФОТО) Сè уште нема елка и светилки ама Арсовска почна да поставува новогодишни куќарки

од Илинка Илиоска
55 прегледи

Од утрово на Плоштадот Македонија почна поставувањето на новогодишни куќарки. Сè уште нема елка и светилки. Со жардињери се оградува и плочникот околу пропадната фонтана во која неколку пати до сега пропаѓаа камиони. Фонтаната сега е покриена со  платформа.

Според податоците на веб-страната на Бирото за јавни набавки Град Скопје годинава нема распишан тендер за новогодишно украсување.  Минатата година градоначалничката Данела Арсовска изјави дека се потрошени 30.000 евра, но не откри кој ги изработил украсите и како се спровела исплатата.

За овој случај Финансиската полиција отвори предмет  и во октомври вршеше проверки, но  детали од истрагата сè уште не се откриваат.

На веб-страницата на Бирото за јавни набавки, за 2024 година е објавен тендер само за новогодишни пакетчиња, а јавниот повик за организирање на новогодишен базар останува отворен до 6 декември.

 

Слични содржини