Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета, информираат од ЈСП.
-Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета.Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, велат од ЈСП.