Секој оној кој на претстојниот попис во С.Македонија ќе прилози фотокопија од формулар на којшто се вели дека е „македонски Бугарин“, да добие по скратена постапка бугарски пасош од тамошните власти.
Ова е дел од барањето на културниот центар „Иван Михаилов“ од Битола кое е адресирано до бугарските власти, односно претседателот Радев, премиерот, Бојко Борисов, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, како и вицепремиерот и министер за правда, Красимир Каракачанов.
Повеќегодишната злоупотреба на членството во Европската Унија од страна на нашиот источен сосед, да се издаваат бугарски пасоши на граѓани од Македонија и од други балкански земји што не се членки на ЕУ за луѓето да си ги олеснат патувањата и работата во странство, можеби сега ќе се „надгради“ со оваа нова тактика на „регрутирање на нови Бугари“