Американската пејачка Селена Гомез и новото нејзиното момче – канадскиот изведувач “Викенд”, поминаа романтичен одмор во Италија.
Претходно овој месец тие беа забележани како разменуваат бакнежи пред ресторан во Санта Моника, Калифорнија, официјално демонстрирајќи ги љубовните односи.
Во средата ѕвездената двојка отпатувала до Фиренца каде двајцата изгледале особено среќни и вљубени.
Вчера биле забележани да купуваат во населбата Санто Спирито во Фиренца. Подоцна ја посетиле светската галерија “Уфици”, придружувани од својот телохранител.
Според извори на таблоидот E! News нивната врска не е толку неочекувана, бидејќи “Викенд” или Авел Тесфаје секогаш гледал на Гомез со восхит како на извонредно талентирана и убава жена. Освен тоа и двајцата се во процес на “опоравување” – Гомез од последиците од болеста, а Авел – од врската со супермоделот Бела Адид.
Адид од своја страна пак престана да ја следи Селена во социјалните мрежи.