ФОТО: Семејството Бекам пристигна во Хрватска

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Семејството Бекам втора година по ред е во посета на Хрватска.

Дејвид и Викторија се во брак 24 години и имаат четири деца – синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Познатиот пар е фотографиран на островот Лопуд, а ова е втора година по ред како престојуваат во дубровничкиот регион, пишува „Јутарњи.хр“.

Семејството Бекам наводно крстарело низ Италија пред да пристигнат во Хрватска.

Легендарниот фудбалер е косопственик на американскиот Интер Мајами, а одлично се снајде, откако во МЛС го доведоа еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси.

Аргентинецот игра одлично за Интер и веќе има постигнато 10 гола на седум натпревари.

Слични содржини