ФОТО: Северина се забавуваше во ноќен клуб со помлад маж, откриен неговиот идентитет

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Пејачката Северина Вучковиќ се забавувала во ноќен клуб во Загреб во машко друштво, а огромното внимание на јавноста го привлекло момчето кој стоел до неа и ја гушкал пејачката.

Хрватската пејачка стана главна тема на медиумите откако се појави на концертот кој Ана Николиќ синоќа го одржа во еден клуб во Загреб.

Северина се фотографираше со мистериозен маж, а фотографиите кои се појавија во јавноста покренаа многу прашања кај фановите на пејачката.

Иако многу се шпекулираше за кого се работи, сега е познат идентитетот на помладото момче со кое пејачката уживаше.

Според тамошните медиуми, се работи за архитект од Белград, Миро Месиховиќ.

Миро уживаше во нејзиното друштво, но и членовите на нејзиниот тим, менаџерот Томислав Петровиќ, пријателот Давор Гргин и продуцентот Филип Милетиќ, пишува „Телеграф“.

Слични содржини