
Гласините дека холивудската ѕвезда излегува со сценаристот на популарното американско комично шоу „Saturday Night Live“ Колин Џос, циркулираа низ медиумите повеќе од еден месец, но дури сега двајцата јавно ја потврдија врската.

Вљубените беа дел од бројните ѕвезди – гости на добротворен настан организиран во Американскиот музеј за природна историја.

„Многу сум среќен. Се чувствувам голем ксметлија. Таа е страшна“, вели Колин во интервју.
Во септември Скарлет го заврши нејзиниот развод со Роман Дуриак, со кого таа се омажи во 2014 година и од кого има 3-годишна ќерка. Ова е втор развод за 33-годишната актерка, која во 2011 година се раздели со Рајан Рејнолдс по тригодишен заеднички живот.
