(фото)Тие го продадоа најголемиот дијамант во светот за 53 милиони долари

од desk3
80 прегледи

Британска компанија за дијаманти стана купувач на најголемиот непреработена дијамант во светот за 53 милиони долари.

Каменот од 1109 карати, наречен “Lesedi La Rona”, е со приближни димензии на тениско топче и пред тоа беше сопственост на канадската рударска компанија “Лукара”, која го откри во рудникот Каров во Боцвана во 2015 година

“Каменот ќе ни раскаже својата историја, ќе покаже на кој начин да биде обработен и ние ќе вложиме максимална грижа за да го уважиме неговите исклучителни квалитети”, изјавија во соопштението Лоренс Граф, претседател на компанија за дијаманти “Граф”.

Во 2016 година, каменот беше аукциран од аукциската куќа Сотби, но не можеше да се продаде за 70 милиони долари.

“Lesedi La Rona” значи “нашето светло” на боцванскиот јазик. Тој може да се разложи на помали дијаманти за накит или да остане цел за приватна колекција.