
Том Круз објавува импресивен кадар на новиот шести дел од култниот филм Mission Impossible. Сликата, која е поставена на Твитер, покажува неверојатна актерска акробација.
Get ready for the most thrilling mission yet… pic.twitter.com/WPOMFnzpd0
— Tom Cruise (@TomCruise) January 26, 2018
Пред неколку дена Холивудскиот актер блокира дел од Централен Лондон, бидејќи тој трчаше околу Темза и тоа го правеше за потребите од снимањето на најновиот филм од серијалот “Невозможна мисија”.
Кадарот беше придружен со коментар: “Подгответе се за највозбудливата мисија досега”.

Видливо во добра форма, 55-годишниот актер, кој е познатпо тоа што сам ги извршува акробациите, храбро го поднесе студениот јануарски ветер, додека над него ниско лебди филмската екипа со хеликоптер. Пред два месеци ѕвездата се врати на сетот на филмот, откако во август серизно го повреди глуждот. Повредата беше резултат на извршување комплексна акробација.