306
Ќерката на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс, Керис Зета Џонс, го украде шоуто на црвениот тепих на 76-иот Кански филмски фестивал. Дваесетгодишната девојка пристигна во придружба на нејзините познати родители, облечена во бел фустан украсен со цветни мотиви.
Инаку, фестивалот на француската ривиера, кој трае до 27 мај, вклучува многу премиери.
Во сабота ќе биде прикажан најновиот филм на Мартин Скорсезе Killers of the Flower Moon со Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во главните улоги. Истиот ден посетителите ќе можат да ги видат Натали Портман и Џулијан Мур во филмот на Тод Хејнс May December.