456
Силниот ветер кој веќе половина час дува во Скопје однесе покрив од зграда на булеварот „Партизнаски одреди“, помеѓу Порта Влае и Карпош 4. Во Кисела Вода пак, ветерoт откронал дрво.
Ветерот доаѓа по најавата дека од денеска следува засилен ветар и дожд и намалување на температурата.
Управата за хидрометоролошки работи најави дека денеска и в петок се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд и силни ветрови, а на планините и на некои повисоки места од снег.