
Кајли Џенер не е една од добро познатите жени кои внимаваат и се кријат од фотографите. Не еднаш или два пати правила предизвикувачки фотографии, но нејзината последна фотосесија за списанието V, а за прв пат речиси ја прикажува без облека, пишува “Харперс базар”.
20-годишната риалити ѕвезда позираше за списанието гола, покриена само со транспарентен фустан. На кадрите, поставени од списанието V на социјалните мрежи, таа носи два фустани – едниот во жолта, а другиот во црвена боја.

Шминката на младата ѕвезда е исто така ексцентрична – сини сенки со брукат. Во интервјуто, Кајли вели дека не знае како е да не биде во центарот на вниманието.
“Нормално е за мене, не можам ништо да направам за тоа, има прекрасни работи во животот, па затоа се обидувам да се фокусирам на тоа”, вели 20-годишната девојка.

Џенер, исто така, ја коментираше нејзината разделба со рап уметникот Таига, кој е поранешен свршеник на Блек Чајна и татко на нивното единствено дете. Таа открива дека не се чувствува толку добро.
“Последните три години од мојот живот беа нејасни, деновите ги поминав дома, сега имам повеќе време, се чувствувам послободно, сега сум среќна”, додава Кајли Џенер