(ФОТО/ВИДЕО) Чудото на Мосул! Емоционален момент: Мало девојче беше спасено од канџите на ИД

од desk3
160 прегледи

1477216697-mos

Ако имало мало девојче што треба да плаче, тогаш ова е Аиша. Цели три дена без храна и вода, таа ја стискала раката на мајка си додека најжестоките борби за ослободување на Мосул од исламистите им беснеат под прозорецот . Кога конечно спасот пристигнал, во форма на ирачки војници, таа храбро се обидела да се воздржи од солзите и да не мисли за траумите, за да може да ја изрази радоста од доаѓањето на спасувачите, на кои таа дури предложи да им ги бакнува нозете .Нејзиното селце Кафер, се наоѓа на околу 27 километри од Мосул, кое е под контрола на исламистите од 2014 година, кога армијата избега, преплашена од нивните злосторства. Во четвртокот, сепак, по денови на непрестајни воздушни напади и бесни судири, ослободувањето на нејзиниот дом конечно дојде.

1477216697-mos3

Камери го фатија моментот кога малата Аиша, беше спасена од страна на тим на воената полиција, кој се бори рамо до рамо со ирачката армија против џелатите од “Исламска држава”.

Едвај задржувајќи ги силните емоции, стискајќи во раце пакет бисквити и шише вода дадени од војската, таа призна колку и било страв дека нема да преживее, да каже за целиот ужас, кој таа го преживеала: “Многу сум благодарна . Мислев дека никогаш нема да дојдете. Немаме храна и вода три дена. Останавме само јас и мајка ми. Татко ми беше одведен и убиен од терористите.

Бандитите од “Исламска држава” одведоа многу деца од населбата. Не знаеме што се случило со нив. Некои од нив умреле. Мажите ја натераа мајка ми да им даде пари и накит. Сега немаме апсолутно ништо. Ви благодарам, ви благодарам. Сакам да ви ги бакнам нозете “, рече девојчето.

Кога ги слушна овие зборови на напатената душа, војникот го бакнува детето по главата. Потоа го зема раце и ја однесува безбедно.

1477216697-mos5

Денес секоја ударна група во Ирак, вклучувајќи од Велика Британија, Австралија, САД и Франција, се собрала во огромната воена база Кујара. Таму е командниот центар на операцијата за ослободување на Мосул и сите се решени овој пат да го ослободат конечно градот од исламистите. “Овој пат нема да запреме додека не ги протераме ИД од таа држава. Тие се интелигентен непријател, но и бурателен. На нив не им е гајле дали ќе умрат и тоа ги прави многу опасни. Да видиш како камиони со камикази доаѓаат кон твоите војници – е нешто ужасно. Секогаш сум на бојното поле со моите другари, за да знам дека го преземам истиот ризик кој го преземат и тие. ИД се многу тежок непријател, бидејќи имаат снајперисти и се многу лукави со експлозивите “, вели тенковскиот командант потполковникот Играхим Обед.