(ФОТО+ВИДЕО) Се урна дел од главната железничка станица во Нови САД: Има повеќе повредени, меѓу нив и деца

од Илинка Илиоска
593 прегледи

Се урна дел од главната железничка станица во Нови Сад. Српските медиуми јавуваат дека има повредени лица, меѓу кои и деца.

Според извештаите, дел од покривната конструкција на станицата паднал врз патниците. На местото на настанот се присутни голем број пожарникари и возила на итната помош.

Засега нема официјални информации за точниот број на повредени и нивната состојба. Надлежните служби работат на расчистување на урнатините и обезбедување на безбедноста на патниците.

Оваа несреќа се случува само неколку месеци по целосното пуштање во функција на обновената железничка станица во Нови Сад, која беше отворена во јули 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Надлежните органи најавија дека ќе спроведат детална истрага за причините за оваа несреќа и ќе преземат соодветни мерки за да се спречат слични инциденти во иднина.

Слични содржини