ФОТО: Владата осветлена во боите на ромското знаме

од Берта Китинска
346 прегледи

Во пресрет на Светскиот ден на Ромите, Владата e осветлена во боите на ромското знаме.

-Нашата заедничка визија, нашите заеднички стремежи и напори се во насока на еднаквост и правичност за ромската заедница. Продолжуваме и понатаму стратешките определби за Ромите во Република Северна Македонија како државни цели да бидат пример за останатите во регионот, напиша на својот Фејбук профил премиерот Димитар Ковачевски.