(ФОТО) Владата се оградува, граѓани се оградуваат од неа…

од desk3
110 прегледи

„И ние се оградуваме од вас“. Вака сто и на графитот кој денеска беше поставен од група активисти пред железната ограда кај Влада која на гоемо се гради деновиве. Активистите со сечење на црвена лента, на ироничен начин ги исмеаа зачестените кампањски активности на премиерот, Никола Груевски.

11998649_10153534370933467_1247892244_n-300x169

“Се собравме денеска за да ја потсетием оваа власт дека ние ги памтиме нивните злодела кои ги чинат изминативе девет години. Да ги потсетиме дека го држат својот народ како заложник во сопствената држава и да ги потсетиме дека нема да се откажеме од тоа да одговараат пред овој народ за тоа што го направиле. Сакаме да му порачаме на јавниот обвинител кој треба да биде избран во вторник кои се неговите обврски. Сакаме да го потсетиме каде им е местото на овие луѓе што денес ја водат нашата држава и што безмилосно газат по правата на сопствените граѓани ” – порачаа активистите..

 

Фото: Радио МОФ