(ФОТО) Жешкиот екс-затвореник дефилира на писта во Њујорк

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Жешкиот криминалец Џереми Микс го покажа своето супер тело во Њујорк, во рамките на Неделата на модата.

Синоокиот убавец го преврте својот живот на 180 степени, откако фотографиите од затвор, поставени на Facebook во 2014-та, ги возбудија жените низ целиот свет.

Малку потоа тој доби понуда од голема модна агенција да стане модел, откако отслужи 3-годишна затворска казна. Тој беше ослободен од затвор во Северна Калифорнија во март минатата година и оттогаш има сосема нова судбина.

Во моментот тој живее во луксузна куќа и има спортски автомобил Maserati, кој чини 120 илјади британски фунти.

32-годишниот убавец веќе гради успешна кариера на модел, а сега учествува во ревија на Philipp Plein.

Се гледа дека тетовираниот Микс умее да позира заводливо, а на подиумот се движи навистина блескаво, како цел живот да го има токму тоа е правено.

Џереми има два сина од неговата девојка, со која живее веќе девет години, а покрај тоа се грижи за нејзината ќерка од претходната врска.

Фото: mirror.co.uk