ФОТОГРАФИИ од олујното небо над Љубљана, вакви сцени досега не сте виделе

од Stefanija Kuzmanovska
608 прегледи

Силно невреме во кое имаше загинати, но и огромни материјални штети пристигна од правец на Словенија и за кратко време создаде хаос во Загреб и Славонија.

Во Загреб и во источна Хрватска вчера беа измерени брзини на ветер меѓу 115 и 180 км/ч, што ги вбројува меѓу најсилните регистрирани на ова подрачје, објави во четвртокот Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ), ден по невремето во кое загинаа четири лица, пренесе „Нет.хр“.

„На пример, во Плесо е измерен удар од 115 км/ч. Според сегашните анализи, тоа беше една од најсилните грмотевици во Загреб откако се достапни мерењата“, наведува ДХМЗ.

По централна Хрватска, невремето со слична жестокост погоди и многу други градови на истокот на земјата, на пример Липик, Славонски Брод и Жупање, а измерени се и брзина на ветерот до 180 км/ч.

Покрај силните ветрови, забележани се и големи количества дожд. На пример, во Загреб за само 10 минути паднале 20 до 35 литри на метар квадратен.

„Дождот да продолжи да врне со тој интензитет за еден час, ќе наврнеа 150-200 литри дожд на метар квадратен“, наведуваат од ДХМЗ.

Извор: Борут Живуловиќ/ Пиксел

Слични содржини