Фотографии од тренингот на ПСЖ ја откриваат врската на Мбапе со другите соиграчи

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Француската суперѕвезда Килијан Мбапе во последно време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Младиот напаѓач е несреќен во Париз, не сака да го продолжи договорот и наводно сака да си замине, а фотографиите кои доаѓаат од тренингот на ПСЖ ги потврдуваат овие гласини.

Имено, Мбапе беше фотографиран на тренингот на парискиот гигант потполно сам, а на фотографиите изгледа целосно изолиран од останатите. Додека колегите се шегуваа едни со други на пат кон тренинг, Мбапе незаинтересирано ги следеше целосно сам.

Мбапе има уште една-година договор и според последните информации нема да го продолжи во Париз, туку следната сезона ќе се пресели во Реал Мадрид без обештетување.

Тој момент со нетрпение го очекува Флорентино Перез, кој не сакаше да троши многу летово бидејќи штеди за моментот кога еден од најдобрите играчи во светот конечно ќе каже „да“ за Кралскиот клуб.

Слични содржини