
Претседателот дури успеа да ја насмее пејачката, таа се топи.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон беше фотографиран во опасна близина на поп иконата Бијонсе. Нешто повеќе, покажуваат фотографиите на кои двајцата разменуваат голема љубезност, а музичката ѕвезда дури се смее на шегите на поранешниот господар на Белата куќа, пренесува “Дејли мејл”.
Познат по своите љубовни авантури Клинтон се појави во Филаделфија, за да регистрира гласови на избирачи за сопругата Хилари, која е кандидат за претседател на Демократската партија. Тој го посети и фестивалот “Креирано во Америка”, каде беше Бијонсе со сопругот Џеј Зи.

Бијонсе, за која е познато дека е блиска со семејството на Барак Обама, разговараше за сенешто пријателски со Бил Клинтон. Изгледа поранешниот шеф на државата не згубил ништо од шармот, бидејќи успеа и да ја насмее ѕвездата, која штотуку наполни 35 години.

Подоцна Клинтон разговараше и со сопругот на Бијонсе – раперот Џеј Зи. Многумина посетители на музичкиот фестивал побараа да кликнат селфи со мажот на Хилари Клинтон.