Фотографија која крши срца: Дедо го запознава внукот преку прозорец

440 прегледи

Фотографија од еден дедо во Ирска на која се гледа како по прв пат го запознава својот новороден внук преку прозорец поради коронавирусот го разнежни светот.

Новопечениот татко Микаел Галахор сакал своето синче да се зпознае со дедо си, но поради коронавирусот средбата морала да се одвива поразично од вообичаено. Емотивната глетка ја фотографирала сестрата на Микаел, Ема, а фотографијата ја објавила на Твитер.

„Три генерации на социјално дистанцирање додека татко ми гозапознава внукот за прв пат“, напишала Ема, а повќе од 700.000 луѓе ја лајкнале фотографијата, а ја споделиле повеќе од 90 илјади луѓе.

Слични содржини