Скандалозна, несоодветна фотографија од пациентка во долна облека се споделува на социјалните мрежи, која очигледно е направена без знаење на жена сместена во привремена болница за деца во белградска „Арена“.
Жената беше фотографирана во моментот на пресоблекување и иако на почетокот не беше јасно точно каде и кога е направена фотографијата, денес заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ издаде изјава со која потврди дека сликата е направена во „Арена“ и бара итна истрага за скандалозното нарушување на приватноста и повреда на личниот интегритет.
Надлежните органи исто така беа информирани за срамниот чин и целата ситуација што овозможи сликите да се појават на социјалните мрежи и, нема сомнение, апсолутно е недозволиво оној што е автор на фотографијата да остане неказнет.
Заменик-градоначалникот,цитиран од „Блиц“, истакна дека со објавување на овие фотографии е сторено кривично дело и секој што учествувал во него мора да одговара, бидејќи е нарушена приватноста на пациентите и жената.
– Денес, го замолив директорот на белградска „Арена“, Горан Грбовиќ, итно да истражи како се објавени сликите на жената од привремената Ковид болница во белградската „Арена“. Директорот на „Арена“ веќе се обрати до Српската армија, која управува со болницата, и до Министерството за внатрешни работи – напиша Весиќ.