ФОТОГРАФИЈА од супермаркет ја згрози Србија: „Допирачите“ на леб се префрлија на повисоко ниво

од Nikola Popovski
263 прегледи

Кога ќе помислиме дека веќе ништо не може да не изненади, се појавува снимка, на пример, од продавница и тогаш сфаќаме дека навистина не сме виделе сѐ.

На социјалните мрежи во Србија во моментов кружи фотографија на која се гледа витрина со печива во еден маркет, при што некој „пробал“ од лиснатиот производ.

По првичниот шок и вознемиреност, некои велат дека некој бил многу гладен штом направил такво нешто.

Меѓутоа, српските граѓани се прашуваат зошто не изел сè ако веќе бил гладен, туку го вратил во витрината меѓу другите печива за да ги згрози сите.

„Да беше гладен ќе изедеше сè, и некако можам да го разберам тоа, но ова е чиста брука“, се вели во еден коментар.

Други се шегуваат дека не му се допаднало, па го вратил лиснатото назад.

Слични содржини