(ФОТО)Ќерката на Брус Вилис објави фотографија со својот татко: Една работа ги разнежни фановите

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Талула Вилис, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, на Инстаграм објави фотографија со својот татко, кого ретко го гледаме поради болест.

Таа ја сподели оваа објава по повод Денот на благодарноста, кој во Америка се слави на 28 ноември.

Талула е сликана со нејзината сестра Скаут и Брус Вилис, кој го држел натписот „најдобриот татко на светот“.

„Благодарна“, напиша таа во објавата на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah willis (@buuski)

Оваа објава разнежни многу обожаватели на познатиот актер.

„Поради вакви работи ми трепери срцето“, „Преубаво“, „Благодарност за овие слики“, „Најдобар татко“, „Чиста љубов“, „Преубаво семејство“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, покрај Талула и Сакут, Брус од бракот со колешката Деми Мур ја имаш и ќерката Румер, додека од вториот брак со сопругата Ема има уште двајца наследници. И покрај тоа што се разведени, Деми и Брус останаа во пријателски односи, а актерката му е голем поддржувач во борбата со здравјеро.

На Вилис пред неколку години му беше дијагностицирана афазија и фронтотемпорална деменција.

Слични содржини