(ФОТО)На социјалните мрежи кружи слика од Палевски: „Нека види јавноста каков психопат е убиецот на дедо ми“

од Nikola Popovski
504 прегледи

Скопјанецот Љупчо Палевски или познат како Палчо е осомничен како организатор на убиството на девојчето Вања Ѓорчевска и 74-годишниот пензионер Панча Жежевски. Откако неговото име беше обелоденето во јавноста, на социјалните мрежи се споделува фотографија на која Палевски е фотографиран заедно со случајни минувачи на патот.

Но, според објавите стои дека не се работи за минувачи, туку за внукот и зетот на убиениот пензионер.

– Еве нека види цела јавност каков психопат е убиецот на дедо ми. Додека јас шетам по улица со татко ми, тој прави селфи и објавува фотографии на социјалните мрежи. Нека го видат сите, пишува на фотографијата што кружи по социјалните мрежи.

Палевски е претседател на партијата Десна и јавно експонирана личност. Тој е контроверзен бизнисмен и политичар чиј животен пат и кариера минуваат низ повеќе различни фази и сосема спротивставени улоги. Заедно со познати архитекти и функционери важи за еден од творците на т.н. „урбана мафија“ бидејќи на јавна сцена за неговото име првпат се слуша кога се менуваат урбанистичките планови за скопско Дебар Маало и од мали семејни куќички во срцето на Скопје почнуваат да никнуваат згради. И објектот на ул. „Н.Н. Борче“ пред кој беше киднапирана Вања Ѓорчевска го градеше Палевски.

Слични содржини