Научници, верници во теории на заговор тврдат дека откриле лаптоп во грчката статуа, која датира од 100-тата година пред Христа, пишува “Дејли мејл”.
Скулптурата се чува во музејот “Гети” во Малибу, Калифорнија. На неа е прикажана жена седната на стол, на која слугинката и дава предмет кој неверојатно личи на денешен лаптоп. Дури на една од страните му се забележуваат приклучоците на двата USB порта.
Експертите сепак ја оспоруваат оваа теорија и тврдат дека станува збор за традиционална хеленска погребна уметност. Дамата од високото општетсво починала и според древните верувања таа требало да ја добие целата удобност од своето постоење и во задгробниот живот.
Шпанец кој целосно ја заменил водата со вино, почина на 107 години
Затоа слугинката и го дава на својата господарка ковчежето со накит, за да си избере украс и да се наслади на земни радости.
