Франција испрати нов контингент на воена помош за Украина, вклучувајќи две батерии на системот за противвоздушна одбрана „Кротал“ и два повеќецевни ракетни фрлачи, објави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни.
„Иако помошта на Франција е главно насочена кон самоодните артилериски системи Цезар, од кои 18 се веќе пренесени од почетокот на војната, списокот на вооружени системи е многу поширок. Тука се и ракетите Милан и Мистрал, оклопни транспортери, Противтенковски мини ХПД-2А2, заштитна опрема во случај непријателот да употреби нуклеарно, биолошко или хемиско оружје и уреди за ноќно набљудување од најновата генерација“, изјави Лекорни за „Журнал ди диманш“, пренесува „Укринформ“.
Од почетокот на војната, Франција испрати воена помош за Украина во вкупна вредност од 550 милиони евра и е меѓу петте најголеми земји донатори на Украина.