Франција ги замрзна банкарските сметки на „Раша Тудеј“

од Nikola Popovski
147 прегледи

Франција ги замрзна сите банкарски сметки на медиумската компанија „Раша Тудеј“ во таа земја (RT France), објави „Монд“, кој имал пристап до интерната кореспонденција на шефицата на таа медиумска компанија Ксенија Федорова.

-Сите пари на нашите сметки се блокирани по барање на генералниот директорат на Трезорот, напиша Федорова, пренесува Политико.

Федорова истакна дека ваквиот потег на француската држава ја спречува нормалната работа на тој медиум.

Спутник и РТ беа забранети во март, со образложение дека руската кампања за дезинформации за време на руската инвазија на Украина мораше да биде сузбиена.

Политико потсетува дека „RT France“ продолжи да емитува содржини од своето биро во Париз, а програмата се емитуваше во африканските франкофонски земји.

Програмата „RT France“ беше достапна и на онлајн платформите, и покрај санкциите на ЕУ.

Замрзнувањето на парите е наложено врз основа на деветтата рунда санкции против Русија, кои беа усвоени во декември, напиша Федорова, што дека „RT France“ најверојатно нема да може да ги исплати платите на вработените.

Слични содржини