Франција го погоди “срцето” на ИД

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Воздухопловните сили на Франција извршиле масовни воздушни напади во сирискиот град Ракот, кој се наоѓа во рацете на групата “Исламска држава”. Ова го соопшти военото министерство на земјата.

4510307

Според податоците на Министерството, цитирани од АФП, фрлени се околу 20 бомби. “Првиот уништен објект е користен од Даеш (Daech – акроним на ИД на арапски, бел.ред.) Како команден пункт центар за регрутирање на џихадисти и магацин за оружје и муниција. Вториот уништен објект е камп за обука на терористи “, се прецизира во соопштението на министерството.