Франција и Германија бараат „многу итно” воспоставување на центри за контрола на границата на Европската унија, за „Европа да може да ги почитува своите граници”, изјави изутринава Франсоа Оланд, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Ние ќе се потрудиме денеска да има заклучок дека Европа може да го направи да се почитуваат нејзините граници. Во практична смисла, ова значи евидентни центри во Грција, Италија, Унгарија за да се избегне ова што се случува денес. Ова ќе го бараат Франција и Германија. Ние ќе побараме исклучително брзо формирање на овие центри, изјави шефот на француската држава, откако Германија воведе гранични контроли со Австрија.
Франција уште синоќа побара „стриктно почитување на Шенгенските правила од сите земји“, преку министерот за внатрешни работи Бернар Казенев во соопштението за јавноста лиферувано по разговорот со неговиот германски колега Томас де Мезиер.
Париз ја оправдува одлуката на Германија за воведување на граничните контроли „поради непочитувањето на правилата од некои земји.“
Вчера на оваа тема телефонски разговарале претседателот Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел./МИА