Франција: Нема да има бесплатно оружје за Украина повеќе

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Француските власти повеќе нема да го снабдуваат Киев со оружје од нивниот арсенал и очекуваат Украина да почне да купува ново оружје од француски компании, користејќи средства наменети за тоа, изјави францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорни.

„Сега преговараме со украинските колеги за да ја принудиме Украина да купи нови хаубици со средства од специјален фонд, за француската армија повеќе да не мора да обезбедува оружје од сопствениот арсенал“, навел тој.

Министерот потсети на неодамна објавениот парламентарен извештај, според кој износот на француската воена помош за Украина достигнува 3 милијарди евра, а според истиот извештај, од францускиот буџет се издвоени 200 милиони евра за посебен фонд за поддршка на Украина, кој Киев може да го користи за купување ново оружје, но само од француски добавувачи.

Лекорни изјави дека Франција „дава значителна поддршка, но не зборува за сè што прави“. Тој истакна две главни области на помош на кои Париз се фокусира: обезбедување на Киев со противвоздушна одбрана, вклучително и против беспилотни летала, и опрема за копнените сили, вклучувајќи артилерија и транспорт.

Во контекст на артилерија, тој зборуваше за зголемување на производството на самоодни хаубици „Цезар“ од две, пред почетокот на конфликтот, на шест единици месечно. Според него, во Киев биле испорачани 49 вакви самоодни хаубици – 30 француски и 19 дански.

Коментирајќи ги изгледите за развој на конфликтот и можната транзиција во фазата на преговори, Лекорни рече дека тој момент се уште не е дојден. Според него, украинската контраофанзива „бавно напредува“, а Киев можеби ќе треба да употреби два или дури три пати повеќе сили од руските вооружени сили за да ја пробие руската одбранбена линија и да ги задржи своите позиции.

Тој призна дека „наредните недели ќе бидат критични“ во контекст на приближувањето на зимата, што ќе го промени карактерот на борбите.

„Продолжувањето на помошта за Украина е најдоброто нешто што можеме да го направиме, тоа е она што може да им даде шанса да победат“, додаде Лекорни.

Слични содржини