Франција: Полицаецот кој усмрти тинејџер (17) обвинет за убиство со умисла

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Полицаецот одговорен за смртта на седумнаесетгодишниот тинејџер во близина на Париз пред два дена денеска доби кривична пријава за убиство со умисла.

Според француското обвинителство, тој сега е во истражен затвор.

„Во рамките на истрагата за убиство со умисла, по оваа точка е поднесена кривична пријава за овој полицаец и одреден му е истражен затвор“, се вели во соопштението.

Тинејџерот бил усмртен од огнено оружје.

Слични содржини