Франција се уште се надева дека Европа ќе избегне трговска војна со САД, но подготвува мерки

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Франција и понатаму се надева дека Европа ќе избегне трговска војна со САД, но има намера да одговори со реципрочни мерки доколку стапат на сила тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела, изјави денеска францускиот министер за надворешна трговија Лоран Сен Мартен.

„Европа никогаш нема да биде обединета и силна ако дозволи да биде турната во трговска војна која не ја сака. Европа мора секогаш да има позитивен план“, рече Сен Мартeн во интервју за радио РТЛ, пренесe Ројтерс.

Според него, Франција планира разговори со американската амбасада во Париз за да го изрази своето несогласување со наредбата на Трамп до француските компании да спроведат регулатива за „забрана на различностите“.

Слични содржини