Француска актерка имала 100 љубовници, а своето единствено дете го споредила со тумор и не сакала да го храни

од Vladimir Zorba

Француската манекенка, актерка и пејачка Брижит Бардо од 1950-тите до 1970-тите важеше за секс симбол и една од најубавите во историјата на манекенството. Глумеше во над 47 филмови, се појави во неколку мјузикли, сними повеќе од 60 песни и беше непресушен извор на инспирација за бројни дизајнери. Иако многумина би рекле дека живеела во бајка, нејзиниот живот бил испреплетен со бурни врски, алкохол и опијати и разни интриги, а пензионерските денови ги поминува во нешто „помирна средина“. Брижит оваа година ќе го прослави својот 89-ти роденден, а кога би требало најкратко да ја опишеме нејзината кариера, тоа секако би било „животот пишува романи“.

Таа се заљубуваше, раскинуваше, се мажеше и се разведуваше. Можеби нејзината најконтроверзна изјава беше кога сопственото дете го нарече тумор, а потоа стана страсна активистка за правата на животните.

Родена во Париз, младоста ја поминала на часови по балет, а во 1952 година за прв пат се појавила на филм, сосема случајно и се заљубила во кинематографијата. Со улогата во филмот „Вива Марија“ од 1965 година, таа постигна огромен успех, а беше номинирана и за наградата БАФТА во категоријата најдобра актерка. Иако зад себе има богата и завидна кариера, Брижит се пензионирала во 1973 година на само 39 години.

Скандалите не ја заобиколија, а најголемите беа поврзани со политиката, расизмот и исламизацијата на Франција, а поради нејзините ставови кои ги објавуваше дури и во книги, неколку пати беше казнувана. Таа исто така отворено ги осудуваше хомосексуалците, а подоцна се бранеше од обвинувањата дека е хомофоб велејќи дека „сите нејзини пријатели се хомосексуалци“ и дека не ги мрази, туку ги сака и затоа има право да ги критикува.

Брижит имала и бурен љубовен живот, а кога имала само 18 години се омажила за режисерот Роџер Вадим, но нивниот брак не траел долго. Главна причина за разделбата била нејзината афера со двајца мажи, меѓу кои бил и актерот Жан-Луј Тринтињант кој исто така бил оженет. Двојката дури и живееше заедно иако официјално не беа разделени, но никогаш не се венчаа бидејќи Бардо го насочи својот поглед кон музичарот Жилберт Беко, што доведе до крај на романсата со Жан-Луј. Поради скршено срце се повлекла во Италија каде наводно доживеала нервен слом и се предозирала со апчиња за спиење. Таа потоа најде утеха во актерот Жак Шариер, со кого се омажи во 1959 година и го роди своето единствено дете, синот Николас, кого го остави со татко му и не прашувала за него додека не пораснал.

Во една прилика изјавила дека никогаш не го сакала, а кажала и дека бременоста е најлошото нешто што и се случило во животот. Бременоста ја изедначи со тешка болест, згора на тоа, детето што го носи во стомакот го нарече малигнен тумор

-Тој беше како тумор кој ме јаде одвнатре – рече таа и призна дека никогаш не се согласила да го дои. Нивната врска не се подобрила ни подоцна. Кога Николас имал само 12 години, сакал да помине малку време со својата мајка, но таа не сакала да го прими во својата куќа. Меѓутоа, таа „свртила плоча“ кога Николас пораснал, но дотогаш веќе било предоцна и нејзиниот син, кој беше студент по економија во Париз, се вери со ќерка на дипломат, а тој не ја сакаше мајка си никаде во близина на неговата свадба.

По разводот среќата ја нашла со германскиот милионер Гунтер Сакс, но и оваа љубов не траела долго, па утехата ја нашла во актерот Патрик Жил.

Таа се смири дури во 1992 година со брак со Бернар Д’Ормале, поранешен советник на лидерот на националистичката десница во Франција, Жан-Мари Ле Пен.

Волшебна, русокоса, со правилни црти, полни усни и пеги го полуде целиот свет, а иако е во деветтата деценија, остана верна на себе и не попушти на естетските корекции и разните третмани за разубавување, туку гордо ја покажува нејзината возраст.

Таа основала сопствена фондација за заштита на животните, откако го заложила целиот свој накит и ги насочила парите во фондацијата.

– На мажите им дадов младост и убавина, а на животните ќе им дадам знаење и мудрост – изјавила во една прилика Бардо.

Оваа убавица во пензија денес само повремено се шета на црвениот тепих, но секогаш привлекува големо внимание и успева да ги надмине своите многу помлади колешки.
Контроверзна, директна и харизматична, Бардо е неспоредлива икона на 20 век.

Слични содржини