Француска легенда му се нафрли на Мбапе: Изјавите што ги даде не беа соодветни за лидер

од Nikola Popovski
43 прегледи

Килијан Мбапе летово го исполни својот сон, но и сонот на претседателот на Реал, Флорентино Перез, со доаѓањето во Мадрид. Сепак, почетокот на неговата шпанска авантура не беше она што тој или навивачите на Реал се надеваа. Кралскиот клуб мака мачи со формата, губи бодови каде што не треба, а Барселона веќе по четири кола дојде до водство од четири бода.

Мбапе не успеа да се наметне и се вклопи во послабите игри на тимот, а првите голови ги постигна само против Бетис, по три натпревари без постигнат гол. Откако Франција разочара на ЕП, потфрли и во Лигата на нации, губејќи со 3:1 од Италија на домашен терен, а Мбапе беше цел на критики за неговата игра, но и за некои од неговите изјави.

На прашањето каков прием очекуваше при неговото враќање на Паркот на принцовите по заминувањето од ПСЖ, Мбапе одговори дека не размислувал за тоа. Тој одговор особено му пречеше на поранешниот француски репрезентативец, Биксенте Лизаразу.

„Изјавите на Мбапе на прес-конференцијата во четвртокот ме изненадија и збунија. Неговите зборови не одговараа за лидер, а камоли за капитен. Не можете да бидете рамнодушни кон чувствата на навивачите, нивните фрустрации и прашања. Требаше да даде некаква порака на надеж, нешто што ќе им даде уверување. Тоа е дел од одговорноста на професионалниот фудбалер, таа емотивна врска со публиката мора да постои“, истакнал поранешниот играч на Баерн, кој освои се со Франција што можеше да се освои.

Слични содржини